Поранешната ријалити ТВ учесничка Маја Маринковиќ направи хаос кога влета во љубовна афер со Пеца Распоповиќ, невенчаниот сопруг на нејзината најдобра другарка Александра Суботиќ. Многумина велат дека тоа се случува само во „ријалити светот“, зашто слични ситуации се случиле и во шоу прогрмите од тој тип.
Сепак, не е само Маја Маринковиќ прељубничка. Српската естрада врие од неверства, прељуби и прељубници, меѓу кои овие се најпознати:
Милица Тодоровиќ, Јована Пајиќ и Ненад Јовановиќ
Се шпекулираше дека поранешните натпреварувачи на „Ѕвездите на Гранд“ имале вакво искуство, кога тогашната четиринаесетгодишна Милица се испоставило дека е прељубничка. Наводно се „смувала“ со Ненад зад грбот на Јована.
Слаѓа Делибашиќ, Весна Ѓогани и Ѓоле Ѓогани
Слаѓа, наводно, ја донела Весна кај нив дома за подоцна Весна да и го преземе сопругот. Во една прилика Анабела Атиас зборуваше за тоа.
„Слаѓа ја собра Весна од под мост, а потоа Ѓоле се ожени со неа“ – рече таа еднаш. Весна настапувала како танчерка со Ѓогани, па и го преземала на Слаѓи сопругот.
Зорица Брунцлик, Весна Змијанац и Мирољуб Аранѓеловиќ – Кемиш
Наводно, во 1985 година Зорица влегла во романса со Кемиш, кој тогаш бил во врска со Весна.
„Се понудив да и го вратам Кемиш, секогаш имав слабост кон неа. Подоцна, преку својата прва љубов Весна наводно испратила гангстери да му ги искршат прстите на Кемиш за да не може повеќе да свири“ – изјавила Зорица која се смири со Весна во 2014 година.
Гоца Божиновска, другарка и од соседството и Зоран Шијан
Наводно, Гоца Божиновска бившиот сопруг Шијан ја изневерил со најдобрата другарка и сосетка со која добил и дете. Таа денес зборува како би го издржувала Шијан и да има 10 жени, само тој да е жив. Гоца од големата љубов со Шијан доби две деца – синот Мирко и ќерката Зорана.
Фото: Инстаграм принтскрин