Српските медиуми пишуваат дека босанскиот фудблер Огнен Врањеш поседува видеа со пејачките со кои бил во врска.
Имено, пред неколку дена во медиумите се појавија експлицитни фотографии од Карлеуша која наводно му ги праќала на Огнен.
Голем број ѕвезди поради оваа афера се во паника, а меѓу нив и Катарина Грујиќ која јавно призна дека била во врска со Огнен, пренесуваат српските медиуми.
„Врањеш беше со неколку познати пејачки. Од сите нив, сега се знае само за Каќа. Не знам како успеа да ги наговори сите да се снимаат, а во мобилиниот телефон има богата колекција. Ако одлучи да ги објави, ќе пропаднат многу бракови“ тврди извор.
Поранешните партнерки на Огнен преку заеднички пријатели се обидувале да го убедат фудбалерот да не проговори за да не им се уништи животот како на Карлеуша.
„Тие следат што се случува со Карлеуша и се молат и на нив да не им се случи истото. Само една од нив имаше храброст и го молеше да не ги објавува нивните слики. Останатите го контактираа преку заеднички пријатели. Најупорна е Катарина Грујиќ која е бесна на Врањеш. Таа му порача дека ќе му го упропасти животот ако се игра како со Карлеуша“ тврди изворот.
Имено, по големиот скандал Карлеуша се врати во Белград, а на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ се обиде да ги избегне новинарите.