Радио Милева
„секс бомба“ во базенот

„Не диши“… зошто и да сакаш здивот сам запира кога Нивес ќе се соблече да се сонча (ФОТО)

„Не диши“… зошто и да сакаш здивот сам запира кога Нивес ќе се соблече да се сонча (ФОТО)

Атрактивната хрватска пејачка и актрка, Нивес Целзиус одново го собра секој можен аплауз на мажите кои не престанаа да гледаат со „очи ширум отворени“ во нејзините  бујни облини.

Имено Нивес ги искористи првите сончеви зраци да се подготви за летото и плажа, па реши набрзина да нафрли малку боја на своето тело. Седната во плетена фотелја  во црни танга мини – бикини и преку гаќичките мрежест црн шорц, со зафрлена глава наназад и истурени гради нанапред, Нивес  тргна да го впива секој целзиус.

„Не диши“… зошто и да сакаш здивот сам запира кога Нивес ќе се соблече да се сонча!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nives Celsius (@nivescelsius)

Откако доволно акумулираше од сончевата енергија, расната убавица продолжи да ужива во сончевиот ден крај отоврениот базен. Седната на работ, со нозете во него за да се разлади, свртена со грб ги затскри бујните гради, но зато пак раскошната убавица на увид ја стави својата голема заоблена секси задница и во неа длабоко врежаната танга преку исцртаната тетоважа! Патем, Нивес додека така одмора, ужива во својата електронска цигара… А кога Нивес пуши на мажите „им чади од уши“!

Жешкиот кадар на хрватската нимфа го засили глобалното затоплување, зашто од нејзината секси поза се усвити Интернетот ширум светот.

За да ја олади ситуацијата, а и самата себе си, Нивес реши да влезе целата во базенот. Но наместо да го олади, цицлестата убавица  уште повеќе го вжешти денот. Особено со кадрите на нејзиното спектакуларно излегување од вода, кога нивото на еротски набој го достигна  максимумот, оставајќи ги вистинските мажи надвор од умот!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nives Celsius (@nivescelsius)

Треба да е среќен оној што „не одлепил дибидус“ по ваква „секс бомба“ во бикини, како што е Нивес Целзиус!

Фото: Инстаграм принтскрин/nivescelsius

 

Останати вести од Радио Милева