Радио Милева Сакавме едно, а добивме друго

Не било совршено како што сакале: Петар Грашо откри детали од венчавката со Хана

Не било совршено како што сакале: Петар Грашо откри детали од венчавката со Хана

Пејачот Петар Грашо откри детали од венчавката со ќерката на неговиот долгогодишен пријател и соработник, Тончи Хуљиќ.

„Ако има двајца луѓе кои сакаат да бидат помалку експонирани надвор од својата работа, тогаш тоа сме Хана и јас. Медиумите само си ја вршеа работата, не се додворувам. Разговарав со моите пријатели новинари. Им реков: „Луѓе, што повеќе?“, открил Грашо.

Тој признал и дека со Хана направиле грешка која многу влијаела на нивните свадбени планови.
„Бевме само двајца кои сакаа да се венчаат во кругот на пријателите, но направивме мала грешка. Колку повеќе се затворавме, толку повеќе бевме опкружени. Ми беше важно тонот да е поважен од сликата. Кога стигнавме пред црквата, моравме да пријдеме со автомобил, што ми се чинеше чудно. Замислив дека ќе биде за рака, низ град“, истакнал Петар и признал зошто посакувал сè да е скриена камера.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Petar Grašo (@petargrasoofficial)

„Видов толку многу новинари, телевизиски екипи и луѓе, што во еден момент навистина помислив дека тоа е скриена камера, дека некој ќе рече: ‘Еј, не си толку важен, само се шегуваме овие месеци’“, искрено вели Грашо.

фото:роберт гашперт/инстаграм/петар грашо

To top