Радио Милева во светот Хју Хефнер

Не било се’ така розово: Новиот документарец ќе ги открие мрачните страни на „Плејбој“ за кои сите молчат

Не било се’ така розово: Новиот документарец ќе ги открие мрачните страни на „Плејбој“ за кои сите молчат

Трејлерот за новиот документарец „Тајните на Плејбој“, чија премиера е планирана за 2022 година, веќе е пуштен и според она што може да се види и чуе, ќе биде вистинска бомба, бидејќи ќе се откријат најголемите тајни што се случувале зад затворените врати на легендарниот дом на ХјуХефнер.

Во десет епизоди од документарецот „Тајните на Плејбој“ , кој е планирано да се емитува премиерно во 2022 година, ќе се открие вистината која се случувала зад затворените врати на најпознатата секс-империја. Во документарната серија ќе бидат прикажани и интервјуа со луѓе кои работелесо и за ХјуХефнер, меѓу кои се неговата поранешна девојка Холи Медисон и поранешната „Мајка зајачица“ Пи-Џеј Мастен.

Во изјавата што ја даде извршната продуцентка Елејн Фронтејн Брајант рече дека серијата ќе даде досега невиден увид во личниот живот на Хефнер, но истовремено ќе го открие неговото влијание кое го имала неговата империја во социјалниот живот како и модерниот поглед на сексуалноста.

– Фантастичниот свет на Плејбој со децении беше обвиткан со превез на тајни, а ние сме горди што сега ќе го подигнеме и ќе откриеме долгоскриени приказни – додава таа.

Хефнер почина во септември 2017 година на 91-годишна возраст, по што многу негови поранешни вработени и соработници почнаа да зборуваат за своите позитивни и негативни искуства од работата со него. А што се однесува до мрачната страна на Плејбој, Мастен го отвора трејлерот со зборовите: „Имаше една мрачна страна на Плејбој за која никој не сака да зборува“. Во трејлерот се гледаат и исечоци од интервјуа со други вработени на Хефнер како и досега невидени фотографии од внатрешноста на имотот.

Една од луѓето вели дека Хефнер за себеси мислел дека е „гласноговорник за сексуална слобода и правата во првиот амандман“, додека Мики Гарсија, која работела како директорка на „Плејмејт промоции“, вели дека „тој навистина веруваше дека ги поседува тие жени“.

Дека не било сè така розово, доказ е изјавата наХоли Медисон, која признава дека не сфатила колку опасен избор е да влезе во светот на Плејбој. Сега 41-годишната моделка, беше во врска со Хефнер од 2001 до нивната разделба во 2008 година, по што морала да се исели од неговиот прочуен имот.

 Луѓето што живееја зад тие врати ја знаат целата и точна вистина – вели д-р Марк Сагинор,поранешниот лекар на Хефнер, кој живеел на имотот заедно со неговата тогаш 12 годишна ќерка Џенифер, која исто така се појавува во документарецот. Марк бил задолжен за препишување разни лекови.

Јавноста ќе чуе сведоштва и од Стефан Тетенбаум, личниот асистент на Хефнер, како и од поранешните девојки Маргарита и СондраТиодор.

Хефнер го издал првиот број од списанието „Плејбој“ во декември 1953 година, откако основал машки магазин во октомври истата година. Потоа тоа прерасна во вистинска империја под која припаѓаа многубројни Плејбој клубови низ Америка, а беше промовирана и иконата на Плејбој зајачето. Последното издание на списанието беше издадено на почетокот од 2020 година откако престана да се печати поради почеток на ковид-пандемијата.

Фото: Профимедија

To top