Песната „Игри без граница“ која Тоше ја издаде неколку месеци пред неговата смрт ја обележа еден важен дел од неговата кариера.
Многумина ги толкуваа скриените пораки во песнита, а посебно зошто во неа е опишан неговиот живот, а оваа песна не му била намената, туку тој судбински ја одбрал.
„Тоа е песна која ја напишав пред да го запознам Проески. Кога го сретнав Никша Братоша му кажав – имам една песна која не ја давам на никој. На никој. Тоа е толку добра песна, ќе ја пејам сам, па макар да ја уништам. Но, поради нашата соработка, од тебе барам да ми ја аранжираш и тоа без пари. И тој прифати. Ме праша како се вика песната, јас реков – „Игри без граница“, изјави Мирослав Дрљаќ Рус, човекот кој ја напишал оваа песна.
После некое време Рус и Тоше се возеле во автомобил, па Тоше го прашал текстописецот за песните кои ги пишувал само за себе и дали може да ги слушне.
-Тоа се тешки песни, не е популарна музика, одговорил Рус.
Тоше почнал да бара по работите на Рус и пронашол ЦД на кое пишувало „Мирослав Рус – песни кои не ги давам на никој“.
Тој го пуштил ЦД- то и прва била „Игри без граница“. И кога ја слушанал песната не дозвоил на Мирослав да ја чува за себе.
Кога пристигнал во студиото да ја снима песната сите му велеле дека е премлад за таа песна.
– Не размислуваа дека станува збор за вонсериски пејач. Кога ја отпеја песната сите беа воодуешевени. Има пејачи кои вокалите ги снимаат повеќе дена.Тоше песната ја отпеја од прва. А кога заврши, ме повлече на страна и ми рече: Рус добро ли отпејав?
– Господи Боже, ти подобро ја отпеја отколку што јас ја напишав, вели Рус.