Пејачката Елена Петреска е голем љубител на модата и често знае да направи некоја трансформација на себе.
Најпрепознатлива е по својата црна коса и специфичните модни парчиња кои вешто умее да ги искомбинира.
Таа неодамна го промени изгледот, односно додаде екстензии во карамел нијанса кои одлично и прилегаат, а најверојатно на нејзините блиски и следбеници им се допаднал новиот изглед.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/bi-ja-prepoznale-vi-vo-vakvo-izdanie-elena-petreska-so-nov-imidz-foto/
Меѓутоа, пејачката деновиве повторно инвестираше во својот изглед и повторно го промени имиџот.
Имено, таа стана русокоса, а за нејзиниот нов изглед се погрижи познатиот македонски фризер Даниел Николовски.
„Јас русокоса“, пишува Петреска на една фотографија под која се нижеа само позитивни коментари за нејзината промена.

Елена исто така позираше и во својот дом, свртена со грб, а во прв план е долгата коса која сега изгледа освежено.

Како ви се допаѓа пејачката во вакво издание?