Радио Милева физиотерапија...

Не беше цар во приказните, ама цар е по дома: Лазар Бараков в куќи има матичен лекар… за масажа! (ФОТО)

Не беше цар во приказните, ама цар е по дома: Лазар Бараков в куќи има матичен лекар… за масажа! (ФОТО)

Него најмногу го знаете до телевизија. А го познаваат и млади и стари и деца и дедовци и баби, и татковци и мајки, тетки, стринки, вујни… Буквално сите! Го знаат како сиромавиот, просјакот, слугата, меанџијата,  аскерот, ѓаолот… Зашто, има ли некој кој не гледал македонски народни приказни на телевизија? Особено оние, од старите добри времиња кога во нив играа царот Колозов, Ванчо, Гоце, Дади, Стојна, Шенка… а, со нив и тој Лазар Бараков кој во Приказните мина повеќе од 20!

Денес. за жал се помалку или речиси воопшто не се снимаат нови продолженија од веројатно најгледаниот ТВ серијал на сите времиња во македонија, а и тој  повеќе не е дел од „новосоздадените“ приказни и кога ги има.

Лазар Бараков денес е во седмата деценија од животот, кој како што вели го натерал да работи најразлични работи,  а никогаш да не се срами од тоа. А работата како и животот оставаат траги на сите нас. Траги кои некогаш знаат да заболат, па затоа актерот од приказните реши малку да ги размрда старите коски, да ги раздвижи плеќите, грбот, р’бетот, телото… со масажа!

Во моментот никој да се најде при рака! Ниту сопруга Лилјана, ниту некое од трите деца, за кои вели дека се неговото најголемо богатство. Неговата ќерка Македонка која е психолог, ќерката Викторија – архитект, а синот Александар, се’ уште студент.

Ама Лазар не би бил „ѓаолот“ во приказните ако не умее да се снајде. Познат како голем љубител на животните, и самиот велои дека: „Животинките троструко враќаат со својата љубов…“! И види, Бараков покажа дека навистина да ти било така!

Кога старите коски и плешките ќе заболат, тој не оди на лекар, зашто дома си има матичен лекар… за масажа!

Неговиот куќен миленк, малиот пинч кој обожува нештата да ги набљудува од високо! А местото и позицијата на плешките на газдата – идеални. И за него и за Лазар!

 

To top