Турската актерка Гизем Карча, моментално ја гледаме во улогата на Назли од турската драма „Подарено срце“.
Гледачите на овие серии веројатно се сеќаваат кога Гизем ја гледавме во улогата на Ѓул во „Убавата селанка“, а потоа и во улогата на инспекторка во „ Карасевда“.
Сепак, новата улога која ја има е во фокусот, бидејќи таа е главната протагонистка, сиромашна девојка која е болна од срце.
Оваа талентирана и харизматична турска актерка е доста активана на социјалните мрежи каде редовно ги известува своите обожаватели за своите секојдневни активноста.
Во 2017 година се случи големиот ден во нејзиниот живот, односно таа се омажи со своето долгогодишно момче. Иако е доста позната и има милиони обожаватели, Гизем е една од најнепосредните актери која не се штеди да комуницира и да и открие на јавноста детали од својата приватност.
Кога беше нејзината свадба, таа ја покажа од моминската вечер, па се до најубавите фотографии од венчавката.
Еве ја Гизем или „Назли“ како невеста во реалноста.