Радио Милева

Наводно поради кавга пејачката го прекршила полицискиот час: Игор и Северина не се виделе три недели?

Наводно поради кавга пејачката го прекршила полицискиот час: Игор и Северина не се виделе три недели?

По регионалните медиумите постојано се шпекулира за брачниот живот на храватската пејачка Северина и нејзиниот сопруг Игор Којиќ.

Како што пренесува Информер, овој пат причина за кавгата меѓу Северина и Игор е тоа што пејачката сакала да ја реновира куќата на Кеба, сакала да го разруши базенот во дворот и во него да донесе морска вода.

„Северина е надвор од себе откако Милан не и дозволува да го гледа синот Александар. Целото семејство Којиќ и дава поддршка во тешките моменти. За време на пандемија ја примија во својот дом и кажаа да остане колку сака и да се однесува како да е дома“ вели извор близок на Којиќ и продолжува:

фото: Инстаграм

„Првите неколку ден се беше во најдобар ред, а потоа започна да се зголемуваат нејзините барања. Му кажа на Игор дека треба да размисли за реновирање на куќата. Бараше да купат голема гарнитура и лежалки за да може да се сонча во дворот и да прави убави фотографии за на „Инстаграм“. Имаше забелешки и за базенот на Кеба, па му предложи да стават нови плочки и морска вода. Е тогаш на Којиќ им пукна филмот“.

Наводно, Кеба му кажал на синот да ја „смири сопругата“ и тогаш настанал хаос меѓу парот.

„Игор разговараше со Северина и кажа дека не е паметно во овој момент да даваат пари за реновирање на куќата и дворот. Кебе поради пандемијата нема да настапува, неговата заштеда се троши, а тие немаат други приходи. Тие жестоко се скараа, па Северина лута ја напушти куќата во време на полициски час поради што мораше да плати казна од 50 000 динари“ тврди изворот.

фото: Инстаграм

Наводно, по кавгата Севе си ги спакувала работите и заминала во Хрватска.

„Во Загреб сама го прослави својот 48 роденден. Со Игор не се виде ни слушна дури 21 ден. Тој и понатаму е бесен поради нејзиното однесување во домот на неговите родители. Игор и Севе и претходно имаа брачни проблеми, но ова изгледа сериозно“ тврди изворот.

To top