Радио Милева им надополни за изгубената титула

Навивачката на „Арсенал“ гола дојде на стадион: Топлес на трибини, Арабела Миа го воодушеви секој верен „топџија“ (ФОТО+ВИДЕО)

Навивачката на „Арсенал“ гола дојде на стадион: Топлес на трибини, Арабела Миа го воодушеви секој верен „топџија“ (ФОТО+ВИДЕО)

Фудбалерите на Арсенал останаа без титула во Премиер лигата буквално во последните неколку кола пред крајот, иако беа лидери во поголемиот дел од првенството.
Во последното коло од англискиот шампионат, „топџиите“ на својот стадион го декласираа Вулверхемптон (5:0). Главна ѕвезда на тој натпревар беше Арабела Миа, навивачка на Арсенал, која на натпреварот дојде  необично (с)облечена.

Оваа црвенокоса убавица пристигна речиси гола на натпреварот, поточно нејзиното тело беше покриено со боја на телото во тимските бои на Арсенал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Arabella mia🌹 (@greengirlbella)


Од облеката таа носеше само бели гаќички, додека целото тело и беше обоено во црвениот дрес на Арсенал.

„Момчиња, отидов на стадионот гола! Им благодарам на сите фанови што беа толку добри и побараа да се фотографираат со мене. Ме направивте горда што сум „топџика“. Се гледаме следната сезона“ – порача Миа преку социјалните мрежи.

Таа не носеше градник, покривајќи ги градите само со црвена боја, со бели букви на кои се напишани спонзорите на Арсенал, како и „GreenGirlBella“ преку грбот, што е псевдонимот што го користи на социјалните мрежи.

Арабела на Инстаграм сподели неколку фотографии и видеа од нејзината авантура во северен Лондон. Сето тоа наиде на повеќе од топол прием од нејзините 156.000 следбеници.

„Таа ни ја надомести загубената титула“ – порачаа навивачите на Арсенал додека се фотографираа со расната Миа.

Страницата за возрасни „ Only Fans“  која ја има Арабела Миа, по викендот едноставно експлодираше, па може да се каже дека си направи неверојатна реклама преку Арсенал.

Конечно, црвенокосата Англичанка сподели видео на Јутјуб за тоа како добро се забавувала на натпреварот помеѓу Арсенал и Вулверхемптон кое можете да го погледнете во продолжение:

To top