Кристина Димитриевска, мисица, модел, фитнес инструктор, пејачка, инфлуенсерка, покрај толку свои ангажмани веќе секојдневно ја гледаме за ова или она, што на социјалните мрежим, а и во медиумите.
Пред некое време ја следеше префиксот бившата на Кајмакоски, но полека полека почнува да биде препознатлива сама по себе. Доста следбеници има и на својот профил на Инстаграм, како од посилниот, така и од понежниот пол чиј број деновиве порасна.
View this post on Instagram
Причина за ова е наградата или популарно наречениот „giveaway“ за хијалуронски усни кој Кристина заедно со своите соработници доделува на една среќна добитничка.
Ги постави правилата за учество, а со тоа забрзано почна да се зголемува бројот на следбеници кои оставија коментар во трка по наградата.
View this post on Instagram
Кристина евидентно е љубител на волуменозни усни кои редовно ги „пумпа“, а очигледно според навалата на нејзиниот профил, се повеќе дами сакаат да бидат со визулено поголеми усни.
Во денешно време естетските трендови преминаа кон конформизам кај понежниот пол од кој ретко има отстапки, а се повеќе девојки и жени не можат да одолеат на естетските и козметичките корекции на лицето и телото.
View this post on Instagram
На едни ова им се доапаѓа, на други не, па тежнеат кон природното, трети пак се држат до се’ она што е во границите на умереноста. Сепак, секој има право на свој личен избор, ставови и постапки на дело.
Во случајов едно е јасно, среќната добитничка меѓу стотиците унеснички во наградната игра на Кристина Димитри ќе биде навистина многу среќна.
фото:Инстаграм принтскрин/Кристина Димитри