Моделот, старлетата и ријалити ѕвезда Наташа Шавија одново ги измами воздишките на вљубениците во нејзината голотија, кои се и нејзини следбеници на социјалните мрежи. Оваа атрактивна дама позираше во црвена еротска долна облека оставајќи ги без здив и со очи ширум отворени своите обожаватели.
Голата Наташа изгледа брутално и ретко кој би останал рамнодушен на жешките кадри. За сексапилот на Шавија особено придонесол изборот на долна облека за оваа пригода.
Со крената нога и истурена задница, качена на „лута спортска машина“ Шавија зад себе остава „очи полни желба“ и „громогласна“ тишина! Иако некои прокоментираа дека вака сликана покрај автомобилот, таа е надобрата „дополнителна опрема“ што може да ја има!
Инаку, поранешната учесничка на „Парови“, неодамна објави дека отворила профил на апликацијата „Онли фанс“, во која пласира експлицитни содржини за возрасни.
Таа признава дека се одлучила на овој чекор бидејќи не сакала бесплатно да ги објавува своите интимни фотографии, туку преку нив да заработува.
„Едноставно, затоа што не ја гледам смислата да објавувам на „Инстаграм“ и, така да се каже, да ги ставам моите слики и снимки на послужавник само така. Не се плашев од реакции, сите знаат колку „ме допираат“ реакциите на луѓето. Ако имам нешто на ум, тоа и го правам“ !
Фото: Инстаграм принтскрин/natasa.savija