Радио Милева покажа како изгледа

Наташа Шавија после втората операција: Окото сè уште затворено, а модринки и отоци насекаде (фото)

Наташа Шавија после втората операција: Окото сè уште затворено, а модринки и отоци насекаде (фото)

Старлетата Наташа Шавија го обвини Стефан Кариќ дека на 1 мај и нанел тешки физички повреди и поради таа причина мораше да направи две операции.

Наташа пред неколку дена имаше втора операција, после која што окото би требало да и се врати во нормала. Таа сега во живо на Тикток покажа како изгледа, а јасно се гледаат шевови околу нејзиното око, но и модрици и отоци.

Шавија е огорчена од Кариќ кој замина на море, додека неа ја чекаше уште една операција.

– Во моментот кога не беше издадена забраната за напуштање, кога не беше изречена ниту забраната за напуштање на државата (човекот замина на море, а јас заминав наскоро во болница на уште една операција), кога морав сама да одам на суд да го прочитам случајот, каде што има милион пропусти! Меѓу другото, медицинската документација во форма на мала книшка не ја достави мојот (или неговиот?) адвокат, каде за малку ќе се откажав од предметот поради замор. Но не. Па, со мене нема да биде така! Барав и го најдов мојот спасител за правда! – истакна Шавија на нејзината приказна пред неколку дена.

Фото: Принтскрин/ТикТок/Рингиер

To top