Радио Милева згодна дама

Наташа Малинкова во бикини го распосла својот сексапил на плажа: Секси мама (фото)

Наташа Малинкова во бикини го распосла својот сексапил на плажа: Секси мама (фото)

Високите температури придонесоа голем број од јавните личности да заминат некаде на одмор и да ги наполнат батериите. Некои заминаа некаде во Македонија, некои заминаа надвор од границите, најчесто на крајбрежјето на нашиот јужен сосед. Во вестите на Вистина.ком.мк имавте прилика да ги видите познатите дами соблечени во бикини. Миа Костова, Марјана Станојковска, Јелена Спенџарска, Елена Стефановска… и многу други  веќе фаќаат боја и уживаат на плажа, на некоја егзотична дестинација.

Меѓу сите нив и таа, распеаната кавадарчанка со златен глас и раскошни природни телесни атрибути.

Пејачката Наташа Малинкова се соблече во црн костим за капење, па така разголена позираше во различни пози.

фото: Принтскрин/инстаграм/наташамалинкова

Таа  покажа како изгледа во бикини, а нејзините следбеници не се штедеа, па и испратија грст позитивни коментари.

фото: Принтскрин/инстаграм

И додека за една мајка која има родено две деца, пејачката изгледа одлично, па тешко на оваа дама дека некој ќе и најде маани, веруваме дека Малинкова ќе ги наполни батериите за следните активности и музички ангажмани.

To top