Радио Милева

Наташа Малинкова во бела комбинација на првата фестивалска вечер на „Макфест“ (фото)

Наташа Малинкова во бела комбинација на првата фестивалска вечер на „Макфест“ (фото)

Во Штип сношти започна 34 издание на забавни мелодии „Макфест“. И оваа година домаќин на фестивалот беше Марјана Станојковска.

На полуфиналните вечери ќе настапат 30 изведувачи со 30 различни композиции, од кои 20 ќе настапат на финалната вечер. На финалната вечер пред прогласување на победниците своја шоу програма ќе има Тамара Тодевска.

„И овој октомври не очекуваат навистина возбудливи денови исполнети со незаборавни мигови кои ќе останат врежни во меморијата на сите нас. Јас би сакала само да кажам дека во текот на двете полуфинални вечери ќе имаме прилика да слушнеме 30 мелодии, а во финалето ќе се пласираат најдобрите 20. Во рамките на првата полуфинална вечер ќе уживаме во 15 композиции кои ќе бидат изведени од страна на наши реномирани музички имиња, како и нови интерпретарои кои зачекоруваат на музичката сцена“ вели Марјана.

Мартинијан Кирловски имаше чест да го отвори фестивалот кој ја изведе композицијата „Сто пати на ден“, а последни настапија групата Кентаур.

На првата фестивалска вечер настапија и Огнен Здравкоски, Александар Митевски и Драган Спасов, Здравка Мирчевска, Наташа Малинкова, Мартија Станојковиќ, Мина Блажев, Виктор Апотсоловски, Акустик дивижи, Марија Груевска, Трајче Гоергиев, Мартина…

фото: фејсбук

Марјана за оваа прилика се одлучи за долг фустан со широк шлиц кој одлично и прелгаше на нејзината витка фигура и ги истакна нејзините облини.

фото: инстаграм

Наташа Малинкова за првата полуфинална вечер се одлучи за бела комбинација во која емотивно ја изведе песната „Што ли да направам?“

фото: фејсбук/наташамалинкова

Вечерва се одржува втората полуфинална вечер, а утре е финалето.

To top