Македонската поп пејачка Наташа Малинкова одново шокираше со нова фотографија. На неа згодната натурализирана кавадарчанка во прилично слободна поза, со цигара в рака, доволно разголена за да ја заскокотка фантазијата, а сепак доволно покриена за да не се изгуби магијата на фотомајсторот пред чиј објектив застанала.
Овој пат фотографијата повеќе уметничка отколку комерцијална, во црно-бела техника, ама сепак ексклузивна и доволно провокативна! Дали авторот или пак пејачката вака да ја осмисли се сетила, за да ја поттикне волшебната игра на сите сетила, останува тајна! Ама затоа не е тајна, туку слатка реалност она што се гледа на неа.
Половина од бујните гради на пејачката кои покрај сиот свој раскош кријат уште една дилема? Од каде влажната нота на нив? Дали тоа пејачката некој намерно „ја навлажни“ токму на тоа место, за еротскиот впечаток да биде уште посилен откако фотографијата ќе се сними, или случано од вжештената температура нна рефлекторите потекоа нејзините природни ензими?
Како и да е, едно е сигурно: Малинкова на новата фотографија е разголена и влажна… Како последица на „Ако грев е што те сакам“ – видеото и фотографиите од него за нејзината нова песна или пак во прашање е засебна фотосесија, сеедно!
„Ако грев е да е… секси“, а грев не е, што таа токму тоа и е… Тогаш, уживајте во новата фото поза на вашата и наша – Наташа!