Наташа Маликова преку социјалните мрежи на своите фанови и следбеници им ја најавува новата поп и R’N’B балада насловена „Кога не си ти до мене“.
Како што самата вели во „making off“ видеото, песната и спотот наскоро ќе бидат објавени, а дотогаш со најавата на кусото видео и неколкуте фотографии од снимањето, ја заскокотка љубопитноста на публиката.
Велат дека дека тимот кој победува не се менува, затоа и овој пат музиката и текстот, таа му ги препушти на Столе Аврамов, додека аранжманот и продукцијата се на Зоран Алексиќ и Столе Аврамов.
Спотот е снимен во винарија Queen Marija во Демир Капија и на преубавиот снежен Пелистер, каде Малинкова доминира над снежната убавина во црвен впечатлив фустан од модната куќа „Елена Лука“.
Исто така, впечатливи се и кадрите каде таа се капе во када и ја нагласува својата женственост и сексапил.
Режисерската палка овој пат им е доделена на Пеце Здравковски и Ѓорѓи Вацев и Александар Вајдевски од нивниот тим.
Од снимањето на сцените на спотот се извадени и впечатливи фотографии кои исто така ги потпишуваат Вацев и Вајдевски.
фото:инсаграм/наташа малинкова