По инцидентот кој се случи на Дедиње, Наташа Беквлац и Лука Лазукиќ денес првпат ќе се сретнат на суд, а српските медиуми од минута во минута ги нижат вестите за „настанот на денот“.
Тие ќе бидат сослушани во Основниот суд во Белград, каде што секој посебно ќе даде изјава. Прв сослушан ќе биде Лука, па Наташа и на крајот дадилката.
Пред сослушувањето Лука има барања, односно тој барал да биде заштитен од таткото на Наташа и се плаши дека тој ќе го нападне.