Радио Милева

Наташа Беквалац се расплака пред камера: Насмеана зборуваше за ќерките, а кога го споменаа поранешниот сопруг… (фото)

Наташа Беквалац се расплака пред камера: Насмеана зборуваше за ќерките, а кога го споменаа поранешниот сопруг… (фото)

Наташа Беквалац проговори за својот приватен живот кога се враќаше од еден настап, а притоа пушти и солза. Пејачката прво зборуваше за ќерките кои ги чуваат нејзините родители и сестра, а тогаш еден момент ја доведе до солзи.

-Моите ќерки уживаат по цел ден со мојата сестра, мајка ми и татко ми. Мојата мајка води сметка за се, ние сме гости, одиме да уживаме. Катја се уште оди со минимална помош, но првите чекори донесоа радост кај целото семејство. Годината помина за миг, донесов одлука секој ден да уживаме во секојдневието, често знаеме да бидеме безобразни и незадоволни, правејќи проблем и патетика од ништо. Здравото семејство нема цена, секое утро ставам каменче во чевлите, добро да ме боцка. Во пар моменти правев проблем кога го немаше. Цела година ќе ја поминам така што ќе им простам на сите, со голема работа на себе и на душата, тоа е можно, вели Наташа која потоа одговара за пресудата која е донесена за нејзиниот поранешен сопруг Лука Лазукиќ.

фото:принтскрин/ексклузив

-Откако се случи тоа не сакав да давам изјави на таа тема, бидејќи имам причина и сметам дека така треба. Тоа ми беше многу мачно, затоа чекам уште малку. Извини, не можам да зборувам, кажала Наташа во српскиот „Ексклузив“ и се расплакала.

 

 

 

 

To top