Радио Милева „се чувствував дека не вредам“

Наташа Беквалац првпат јавно проговори за физичкото насилство од екс сопругот Лука Лазукиќ: „Немам зборови со кои можам да опишам како се чувствував во тој период“

Наташа Беквалац првпат јавно проговори за физичкото насилство од екс сопругот Лука Лазукиќ: „Немам зборови со кои можам да опишам како се чувствував во тој период“

Наташа Беквалац првпат јавно проговори за физичкото насилство од екс сопругот Лука Лазукиќ: „Немам зборови со кои можам да опишам како се чувствував во тој период“

Пејачката Наташа Беквалац пред речиси четири години доживеа семејно насилство кога екс сопругот Лука Лазукиќ физички ја нападна .

Пејачката тогаш го пријави Лука за семејно насилство, а судот пресуди во корист на пејачката.

Наташа по речиси четири години првпат проговори за оваа случка.

-Тоа беше многу брзо. Не се каам бидејќи ја добив Катја.Пред некој ден читав како настанува бисерот. Кога нешто ќе ја нападне школката, тоа многу ја боли, а за да се ослободи од таа болка, прави структура, а таа структура е бисер. Колку повеќе бисери има во школката, тоа значи дека толку повеќе доживеала болки, а таква е највредна. Симболична е приказната, бидејќи од нешто што ме повреди на најмизирен начин настана нешто што е најголема вредност, и затоа не можам да не бидам неблагодарна, вели пејачката.

Наташа во 2018 го пријави Лука за физичко насилство.

-Така е, не можам да кажам дека не е така. Не одлучив да зборувам во медиумите бидејќи не сум должна да зборувам било што, посебно бидејќи тоа беше во најчувствителниот период. Само што се породив, се уштев чувствителна. Тоа беше период кога не ме интеренсираше што ќе каже јавноста, одлучив да ја водам својата борба, многу стресна и многу тешка, но за мене неопходна бидејќи се работи за моето дете. Ми беше гајле што ќе зборуваат луѓето, а зборуваа грди работи, вели пејачката.

-Не можам да најдам некој збор за да ви опишам како се чувствував, како да не вредим, ужасно. Ни на едно сушество не му го посакувам тоа, емпатична сум. Не сакам да зборувам за тоа, не сакам да му дадам на значење. Дали тој се извини, дали се гледа со детето…Три години немам контакт со таа личност, ете таа е вистината, вели Беквалац.

фото: Novak Đurović/ ata images/ инстаграм/bekvalceva

To top