Радио Милева џабе муабети дека пак ќе се мажи

Наташа Беквалац пресече: „Никогаш повеќе нема да бидам нечија сопруга“ (ФОТО)

Наташа Беквалац пресече: „Никогаш повеќе нема да бидам нечија сопруга“ (ФОТО)

По три неуспешни бракови, Наташа Беквалац одлучи никогаш повеќе да не го изговори судбоносното „ДА“!

Иако таа не бега од љубовта, пејачката вели дека е сигурна дека повеќе нема да има никаква мажачка – барем не, официјално.

„Сега не размислувам за тоа воопшто, немам планови, нема желба, немам соништа. Мајка сум на две девојчиња – Хана и Катја кои сама ги подигам и воспитувам, а во мојата музика сум професионалец. Има навистина многу работа околу овие две улоги. Верувам дека Бог има интересни планови за мојата иднина, и јас сум подготвена за тоа“ –  ќе изјави Наташа на тема љубов.

„Она што сигурно знам е дека никогаш повеќе нема да влезам во  ниту еден брак“!

Според неа, по тешкиот период што го поминала откако била претепана од нејзиниот законски сопруг Лука Лазукиќ во нејзиниот семеен стан, ја донел оваа одлука.

„Не се сеќавам на точниот датум, но се сеќавам на тоа утро кога сфатив дека среќата е прашање на одлука, па решив да бидам среќна. Јас немав време, ниту луксуз да се “затворам”. Ги погледнав моите две деца и сфатив дека немам време за тага и самосожалување“ – ќе  изјави Наташа за „Стори“.

Инаку,  на 25 септември годинава, Наташа наполни 38 години.

To top