Радио Милева пејачката ќе си ја отвори душата

Наташа Беквалац пишува автобиографија? Реши да раскаже се за својот живот, поранешните момчиња и БРАКОВИТЕ

Наташа Беквалац пишува автобиографија? Реши да раскаже се за својот живот, поранешните момчиња и БРАКОВИТЕ

Пејачката до оваа идеја дошла поради силната порака испратена до жените

Популарната пејачка планира да стави на хартија се што и се случувало и приватно и деловно.

– Ќе ви раскажам се, можеби во книга, можеби на штиците што живот значат, можеби на филм. Понекогаш, кога ќе посакам да се одморам од работата, а се уште го немам тој луксуз. Сега морам повторно да ги облечам панталоните и да се стегнам посилно од било кога – вели Наташа, која би сакала да ги охрабри сите жени со својата автобиографија:

– Нема да напишам книга за да направам супержена од себе, или да се правам важна. Сакам да покажам дека ако можам јас, можете и вие дами мои.

Беквалчева во својата автобиографија ќе открие помалку познати детали од бракот со Данило Икодиновиќ, Љуба Јовановиќ и Лука Лазукиќ, кого го обвини за семејно насилство.

To top