За време на Нова година и новогодишните празници, домовите на познатите се уредени во новогодишен стил.
Пејачката Наташа Беквалац е позната по тоа што сака да го уреди својот дом во новогодишно – божиќно издание.
Меѓутоа, оваа година за првпат пејачката не ја накити новогодишната елка, а ја откри причината за тоа.
„Ова е прва година како нашиот дом не е украсен и немаме новогодишна елка. Се договоривме да не ја украсиме елката поради неколку причини бидејќи Катја само што прооди и елката ќе и привлекува внимание. Бидејќи се фаќа, го намаливме ризикот нешто да не се случи или да не ја повреди“ откри Беквалац за „Блиц“ и додава:
„Имаме преубава елка со вештачки снег и делумно не ја поставивме поради хигиена. Катја е многу мала и сигурно нема да се сеќава, па се откажавме од убавините на новогодишната елка“ вели популарната пејачка.