Наташа Беквалац во емисијата „Амиџи шоу“ сподели една анегдота која и се случила на почетокот од врската со поранешниот ватерполист Данило Икодиновиќ.
Имено, пејачката вчера беше гостинка во емисијата „Амиџи шоу“, во која што заедно со водителот Огнен Амиџиќ коментираше некои изреки кои се популарни во Нови Сад.
Така, Наташа се потсети на почетокот на врската со Данило и откри една случка која досега не и беше позната на јавноста.
„Кога започнавме да излегуваме тој доаѓаше од Италија, а вообичаено се враќаше наутро. Јас едно утро сакав да му угодам, тој граѓанин од Белград, а јас од Нови Сад. Јас му реков: „Дали сакаш „мочи“, а тој ми одговори: „уф да те …“. И тој ми одговори: „Во Белград „мочи“ се….а јас му одговорив дека тоа е еден вид на јадење“ изјави Наташа, објаснувајќи дека овој жаргон се користи како синоним за интимни односи, па така нејзиниот сопруг помислил дека и нуди да имаат секусални односи.
Поради оваа анегдота на Наташа се смееше цело студио, а пејачката уште еднаш ги собра сите симпатии на публиката.