Во април оваа година, Наташа Беквалац доживеа вистинска драма кога нејзиниот сопруг Лука Лазукиќ физички ја нападна. Таа го пријави за семејно насилство и одлучи да стави крај на третиот брак.
Беквалац беше гостинка во емисијата „Амиџи шоу“ каде што прозбори за љубовта и дали ќе се мажи по четврти пат.
На прашањето дали повторно ќе заплива во брачните води, Ната одговори.
„Кога е мажењето во прашање, повеќе не сакам да робувам на формата, туку на суштината. Кога станува збор за љубов не е потребан документ. Но, јас секогаш сум меѓу патријахалното воспитување и она што ти го наметнува друштвото. Не си сериозна жена ако не си омажена. За сите мои неуспеси криво е друштвото“ изјави Беквалац.