Наташа Беквалац по втор пат ја носеше титулата „кума“ на годинешната парада на гордоста во Србија што се одржа минатиов викенд во Белград!
Пејачката во шоуто „Премиера – Викенд специјал“, откри како се чувствува, откако ја доби оваа титула.Облечена во розова комбинација, Беквалац гордо прошета со сите учесници на „Парадата на гордоста“, што се одржа во центарот на српската престолнина.
По тој повод, Наташа откри дека не дошла да ги поддржи членовите на ЛГБТ заедницата, туку дека таа е дел од неа.
„Навистина ми е голема чест и големо задоволство да сум годинешна кума на парадата на гордоста.Освен што ми е чест и задоволство, имам и голема одговорност и ќе дадам се’ од себе за да бидам достојна за оваа прекрасна титула.Оваатитула не е само за мене, туку е и да речеме, потврда не само за мојата работа туку и за животот што го водев досега“ – изјави Наташа во емисијата со што ја заскокотка јавноста, дали можеби русокосата новосаѓанка не е со „мешовита“ сексуална определба? Или што би рекле, дали тоа Ната не е… „и на струја и на батерии“?
View this post on Instagram