Познатата пејачка Наташа Беквалац е новиот член во музичкото шоу „Пинкови ѕвездички“. Иако важи за намќор и лошо друштво, Беквалац овој пат успеа да ги изнасмее присутните во целото студио, откако се пошегува на своја сметка.
Имено. пред почетокот на снимањето на емисијата и претставувањето на жирито, Леонтина се пошегува со водителката Маријана Миќиќ која беше закопчана до грло, велејќи дека тоа било така, бидејќи Маријана ќе се мажи, по што веднаш се јави и Наташа Беквалац:
„Јас ли? Ааааа… не се зборува за мене. Добро е. Зашто јас штом го слушнам зборот мажење, веднаш се вртам да видам кој ме бара“ – рече Наташа, по што целото студио прсна во смеа, а се смееше и таа самата на сиот глас. Со ова пејачката докажа дека знае да се пошегува и на своја сметка.
Фото: Катарина Михајловиќ