Наташа Беквалац сними, па објави на Инстаграм убав момент, кога нејзините домашни миленичиња си играат на креветот, а она што го привлече вниманието на јавноста беше новиот член кој му се приклучи на крзненото четвороножно семејство.
Русокосата новосаѓанка, инаку позната како голем љубител на животни, одлучи да вдоми уште едно кутренце кого го именуваше Мила. По коментарите дека Мила бргу ќе заврши „на усвојување“, се јави пејачката со свој:
„Добро утро! Толку за мојата наводна идеја да ја дадам Мила на усвојување… Поздрав од моето обезбедување“! – напишала Наташа до објавената фотографија и без да сфати колку позитивни коментари ќе ги привлече.
„Легендарна, прекрасна! Секоја чест на добротворни цели! Вака треба да се однесуваат јавните личности. Ти си пример за секого! Мојата наклоност!“ – се само некои од пораките што фановите и ги испратиле на Наташа.