Aтрактивната пејачка Наташа Беквалац често знае да ги израдува своите фанови со фотографии на социјалните мрежи.
Една од нив предизвика лавина на коментари, а се најдоа и оние со негатвина и навредлив содржина.
Имено, Наташа поради својот имиџ доби негативен коментар кој не и се допадна.
Таа во описот на фотографијата напиша: „Подготвена“, а веднаш под фотографија следеше навредливи пишувања од нејзин следбеник.
„За да се омажиш? За уште едно дете? За мене? За кого си подготвена “ напиша корисник на „Инстаграм“.
Меѓутоа, Наташа покажа дека овој коментар не ја погоди и веднаш врати.
„За да те блокирам“.