Презентерката на временската прогноза на МТВ, атрактивната Наташа Алексоска ја гледадате секоја вечер. Секогаш дотерана, стокмена, елегантна, Наташа оддава впечаток на одмерена жена која со задоволство и рутинска леснотија си ја работи работата.
МТВ може да се каже дека е нејзин втор дом, зашто тука ја започна кариерата во добропознатите детско-образовни емисии и програми како „Зимско-рекреативната програма“, „Ѕвон“, „Пулсирања“… По краткиот излет во А1 ТВ, по нејзиното згаснување Наташа се врати „дома“!
Настана познатотот трио „Метео“, кое всушност од А1 се пресели во МТВ, во кое покрај Наташа беа уште и Глигор и Ирена, кои по неколку години заминаа. Ирена продолжи да ја работи истата работа во „Телма“, додека Глигор нешто слично на скопскиот аеродром.
Наташа најчесто е закопчана „до грло“ кога на гледачите им соопштува какво било денес времето, а какво ќе биде утре или во наредните неколку дена. Сексапилот и телесниот потенцијал кои ги крие во себе, некако остануваат затскриени под облеката, ама и под велот на мистеријата. Презентерката не е од оние личности кои сакаат приватно да се експонираат и надвор од работата, па за неа и нејзиниот приватен живот, кој го чува како бисер затворен во школка, знаат само најблиските. И малкумина околу неа…
Приватно Наташа е и сопруга и мајка. Во брак е со спортскиот новинар Роберт, со кого ја имаат прекрасната ќеркичка Луна.
Деновиве семејството го минува летниот одмор на море. Во Турција, во познатото летно одморалиште и многупосетувана дестинација – Аланија!
А, токму летниот одмор, морето и плажата се место каде може да се види и другото лице на убавината.
Па, не е тешко да се прогнозира дека, ако ТВ презентерката на временската прогноза на МТВ е привлечна и атрактивна кога е закопчана до грло, дека соблечена во бикини го покажува сиот свој сексапи и раскошен телесен потенцијал.
А, Наташа има што да покаже! Тоа добро се гледа и на телевизија, ама уште подобро на летните фотографии од море!
Сепак, семејството е во прв план и кога презентерката е во бикини! Одморот си е одмор, ама љубовта треба и мора да се сподели со саканите, каде и да си!
Другото е само личен фокус на нештата…
…„Оптичка илузија“ за гледачите на временската прогноза на националниот сервис!