Во јуни во Тирана се одржува фестивалот на класична и експериментална музика, „Магична флејта“.
Овојпат на покана од македонскиот Културно информативен центар во Тирана, настапија „Трио Академико“ и Македонски дувачки квартет секој со половина час своја програма.
Последниот дел од концертот, македонските заедно со албански класични музичари, изведоа две нови дела од прекрасниот албански композитор Фатос Керимај.
Минатата година на истиов фестивал се претстави нашата млада и талентирана пијанистка, Ивана Мазнејкова, соопштија од КИЦ во Тирана.