Меган Маркл заедно со сопругот принцот Хари вчера првпат се појави на едно јавно случување откако донесоа одлука да се повлечат од кралскосто семејство, а за британските медиуми изјавила дека убаво било чувството повторно да се врати.
Парот од службениот автомобил излегол малку подалеку од вилата каде се случувал настанот за да се засолни од силниот дожд.
Принцот Хари за оваа прилика облекол темно сино одело, бела кошула и сина вратоврска, додека Меган била облечена во креација на Викторија Бекам.
Околу 50 луѓе ги дочекале Меган и Хари пред спомнатата зграда и додека многумина од нив апладирале, други „зјапале“ во познатиот пар.
Сите погледи биле насочени кон Меган која во Велика Британија не се појави од Мегзит.
За потсетување, војводата и војвотката од Сасекс донесоа одлука да се повлечат од кралското семејство и да се посветат на мирен живот.
„Убаво е да вратиш. Веќе трета година имам неверојатна среќа овде да му се приклучам на својот сопруг. Овој простор навистина е инспиративен“ изјави Меган.
Ова е првата службена посета на познатиот пар откако најавија дека го напуштаат кралското семејство.
За време на настанот, парот се прегрнувал, смеел и држел за рака. Сите велат дека изгледале среќни.