Изминатиот викенд во домашните медиуми осамна наслов дека екс водителката Мелита Ракиќевиќ се свршила на Санторини.
Ваквите шпекулации ги покрена самата, откако на социјалната мрежа Инстаграм во кусите приказни објави фотографии на кои во фокусот е прстенот на нејзината рака, но и машкото друштво со кое е на убавиот остров.
Со оглед на тоа дека постојано објавува детали од одморот, најмистична е кога е во прашање партнерот кој е со неа.
Иако веројатно свесно ги покрена коментарите дека се свршила, веќе денес повторно се огласи на социјалната мрежа, но со демант дека написите за свршувачката се лудост.
Категорично напиша „не“, а дополни и со еден емотикон кој „плаче од смеа“.
Инаку, откако пред неколку месеци Мелита ја раскина врската со тогашното момче Виктор, постојано друштво и правеше моделот Александра Накова, на која Мелита очигледно и најде замена – машка.