Пејачот Емир Хабибовиќ кој го нарекуваат наследник на Шабан Шаулиќ пред неколку дена за малку ја избеганал судбината на Дарко Лазиќ, пренесуваат српските портали.
Како што пишуваат медиумите, тој бил сам во автомобилот кога се враќал од Златибор кога налетал друг автомобил чиј возач побегнал по сообраќајната несреќа.
Автомобилот на Емир се превртел на покрив, а пејачот имал среќа и преживеал.
Пејачот 16 јануари ќе го слави како втор роденден бидејќи не можел да верува дека преживеал ваква сообраќајка.
„Несреќата се случи кај Пријепоља, возев од Златибор кон Црна Гора. Возев со брзина од 80 км на час. Еден автомобил возеше пред мене и одеднаш застана, а јас немав време да застанам.Видов дека во тој автомобил на задните седишта седат деца, па свесно одлучив себе да си наштетам, а не на децата. Не успеав да видам дали возачот беше маж или жена, но знам дека побегна додека мојот автомобил се превртуваше“ изјави Емир.
Автомобилот на пејачот е потполно уништен, но тој поминал со лесни телесни повреди на вратот, па е пуштен дома.
Иако доживеал голем стрес и болки пејачот не ги откажал своите настапи.