Радио Милева

Наследничка во најава: Презентерката Бубе Јаневска доби преслатко изненадување од нејзината внука (фото)

Наследничка во најава: Презентерката Бубе Јаневска доби преслатко изненадување од нејзината внука (фото)

Убавите и пријатни изненадувања секогаш знаат да ни измамат насмевка на лицето, особено кога доаѓаат од оние најмилите, најискрните, децата.

Тие несебично и најискрено ја искажуваат својата љубов кон другарчињата, роднините, пријателите…

Презентерката на Канал 5 телевизија, Бубе Јаневска доби еден таков гест на внимание, на чиста и искрена љубов.

фото: принтскрин/инстаграм/бубејаневска

Имено, нејзината внука Мила во некоја од своите училишни обврски и задачи напишала дека кога ќе порасне сака да биде како нејзината тетка Буба која работи како презентерка.

Овој комплимент и поласка на презентерката, па јавно го сподели во кратките приказни на „Инстаграм“.

фото: принтскрин/инстаграм/бубејаневска

Веруваме дека Јаневска била пресреќна, а дали нејзината Мила навистина ќе тргне по нејзините стапки останува да видиме.

To top