Радио Милева досега невидени ситуации

Наскоро ќе има и шеста, а ова се необјавените фотографии од снимањата на петтата сезона на „Преспав“

Наскоро ќе има и шеста, а ова се необјавените фотографии од снимањата на петтата сезона на „Преспав“

Во 2020- та година со 20та епизода заврши 5-тата сезона на серијата Преспав која ја освои македонската публика, а фановите со нетпрение очекуваат да започне новата, шеста сезона.

Преспавци на крајот од последната 20-та епизода од петотто продолжение имаа незгода, односно пансионот се запали.

Тијана Дапчевиќ која ја игра улогата на Германката Ула, во една прилика за Блиц.рс откри дека во септември ќе започнат снимањата на новата сезоната, но се уште не се почнати.

На „Инстаграм стори“, од пансионот Преспав ги прашаа следбениците кој хаштаг да го користат за новата сезона, дали да биде сезона06 или шеста сезона, a сигурно фановите со нивните одговори им помогнале во изборот.

Инаку, деновиве на Инстаграм профилот на пансион Преспав споделија необјавени фотографии од снимањата на  првата епизода од петтата сезона.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Преспав (@pansionprespav)

Исто така, објавија и необјавени фотографии од снимањето на епизодата „Империја“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Преспав (@pansionprespav)

Инаку, освен добро познатата екипа на актери, во петтата сезона на „Преспав“, имавме прилика да погледнеме 20 незаборавни епизоди во кои исто така имавме прилика и да видиме нови актери, како што се стилистката Натали, актерот Владо Јовановски, а во актерска улога се проба и Сара Мејс, меѓу сите нив се најде и манекенката Катарина Ивановска. Исто така доста впечатлива беше и улогата на актерката Драгана Левенска во епизодата „Отворен брак“.

фото: инстаграм/пансион преспав

To top