Јелена Бачиќ Алимпиќ не крие дека често наоѓа инспирација за пишување во светот околу себе, а со оглед на тоа колку ја сака природната убавина, популарната писателка својот мал рај го пронашла во Фрушка Гора, каде што поседува викендица во која често престојува.
Планинското место на Јелена не е само место за уживање и одмор, туку и за работа, па на ова место се создадени некои од нејзините најпознати дела. Околу куќата има пространа градина полна со цвеќиња и зеленило, која и самата редовно ја уредува.
View this post on Instagram
Наоколу има уредно исечена трева, а колку Јелена ужива во природната декорација на својата оаза на мирот отсликува широката насмевка која е присутна на секоја фотографија.
View this post on Instagram
Во една прилика таа истакна дека вратите од нејзината куќа се отворени за семејството и пријателите и дека мирот по кој копнеела го нашла токму на ова место.
View this post on Instagram
– Го сакам ова мое парче земја – напишала под една фотографија.
Јелена често престојува во куќата на Фрушка Гора со своите миленици, за кои посочува дека ја претставуваат „нејзината радост“.
View this post on Instagram
По повод Светскиот ден на книгата, писателката на својот Инстаграм профил објави фотографија од нејзиното парче рај.
Фото: Принтскрин/Инстаграм