Во рамките на неодамна потпишаниот Меморандум за соработка меѓу Србија, Албанија и Македонија „Open Balkan Theatre / Театар Отворен Балкан“, кој е во насока на посилно поврзување на најважните национални културни институции на 21 декември со почеток во 20 часот на големата сцена на Македонската опера и балет, ќе гостува Народниот театар од Белград со балетската претстава „Жизел“ од Адолф Адам.
Диригент на претставата е Иван Еминовиќ. Магичната и безвременска приказна за несреќната љубов, преточена во музиката на францускиот композитор Адолф Адам, а во кореографија на Леонид Лавровски според Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа. Кореографска реализација: Катарина Обрадовиќ , костимографијата е на Божана Јовановиќ, а сценографијата на Борис Максимовиќ, концерт-мајстор: Климент Тодороски.
Во насловната улога ќе настапи Бојана Жегарац Кнежевиќ, во улогата на Алберт ќе настапи Хозе Иглесиас, а во улогата на Хиларион ќе настапи Никола Бјанко. Настапуваат солисти и балетскиот ансамбл на Народниот театар од Белград во придружба на Оркестарот на Македонската опера и балет.