Aктерката која македонската публика ја познава по улогата на Наре од „Ќерката на Амбасадорот“ неодамна откри дека ја напушта серијата поради здравствени проблеми, но тоа не е точно?
Турските медиуми неодамна пишуваа дека актерката Неслихан Атаѓул ја напушта популарната серија „Ќерката на Амбасадорот“ во која ја има улогата на Наре. Нејзината одлука ги изненади нејзините фанови, а таа наведе дека причина за нејзино заминување се здравствени проблеми.
View this post on Instagram
Меѓутоа, турските медиуми сега пишуваат дека актерката лажела и дека на популарната серија и се заканува укинување.
Имено, актерката неодамна се појави на насловната страница на шпанскиот магазин „Hola“ за кое даде интервју по повод емитувањето на турската серија во Шпанија. Со тоа, таа и стана прва Турчинка која се појави на насловна страница на овој магазин.
View this post on Instagram
Таа била насмеана и расположена на снимањата, а тоа им даде повод на турските медиуми да пишуваат дека е лага дека Неслихан ја напушта „Ќерката на Амбасадорот“ поради здравствени проблеми.
Медиумите пишуваат дека актерката треба да престане да лаже и да признае дека серијата ја напушта поради кризата во бракот со сопругот Кадир Годула.
Освен тоа, папараците ја уловиле Наслихан додека купувала играчки со внуците. На прашањето за нејзината здравствена состојба, таа одговорила: „Сега сум многу подобро, но се уште морам да се одмарам и да не правам работи кои ме изморуваат“.
View this post on Instagram
И покрај тоа што треба да одмара, актерката најде време да се фотографира за насловна страница на шпански магазин, а се тоа дополнително ги зголеми шпекулациите.
По нејзиното заминување, „Ќерката на Амбасадорот“ бележи пад на гледаност, а постои и можност наскоро да престане со емитување.
Имено, на публиката не им се допаѓа новиот главен женски лик кој го игра актерката Туба Бујукустун и бараат да се врати Неслихан.
View this post on Instagram