Неслихан Атагул позната како Нихан од „Бескрајна љубов“, а сега и по улогата на Наре во „Ќерката на Амбасадорт“ поради проблеми со црвата ја напушти серијата, пишуваат медиумите.
Фановите забележале дека таа драстично ослабела, а ниту најдобрата шминка не може да ги сокрие нејзините подочници.
Имено, актерката се онесвестила на снимањето и кажала дека ќе земе десет дена одмор.
Меѓутоа, Неслихан односно Наре на „Инстаграм стори“ се заблагодари на сите фанови и целиот тим на серијата што воедно и беше нејзино простување.
„Време е да кажам збогум на мојата драга Наре, женaтa што ja чувствувам многу длабоко кога ја глумам. Иако ја толерирам целата ситуација, моето тело не ме толерира мене, па јас мора малку да се одморам. Благодарам на тимот на „Ќерката на Амабасадорот“, благодарам на моите пријатели. Благодарам на нашата публика и фановите што секогаш ни дадовте поддршка. Се надевам дека наскоро ќе се видиме во некоја нова приказна“, напиша актерката на социјалните мрежи.