Радио Милева

„Направете некој среќен“: Панчо од ДНК направи хуман гест за пример!

„Направете некој среќен“: Панчо од ДНК направи хуман гест за пример!

Хуманоста е еден од најдобрите особини кај секој човек, а денес сепак има хумани луѓе кои се подготвени да помогнат.

Јавните личности често знаат да бидат хумани, иако тоа не го истакнуваат  во јавност. Секогаш може да направите некој среќен, а понекогаш среќата на другите е и ваша среќа.

Владимир Блажев односно Панчо од ДНК направи хуман гест кој ретко би го направил, а притоа  се пофали на социјалните мрежи.

Имено, Блажев ги купил сите цвеќиња од бабичка која продавала на семафори поради што бабата била пресреќна што порано ќе си оди дома.

„Пре неполн час проаѓав во Тафталиџе и на самата улица веднаш до семафорот седеше една бабичка која продаваше цвеќе. Додека седев на семафорот и чекав да ми се уклучи зелено, ја погледнав и видов чесна жена која седи на 50 степени со празен поглед и полно мака во истиот. Ја поминав, но веднаш закочив па се вратив кај неа.
Ја поздравив и прашав колку чинат букетите ? Го крена погледот и тивко ми кажа : Синко само 100ка, тазе набрани се денес, те молам напрај ми сефте. Само ја гледав, а душава ми се параше од нејзиниот измачен поглед. И реков : Бабо колку букети имаш ? 8 синко, во ред дај ми ги сите. Молк…….. Молк од 20тина секунди. Синко сигурен си, тоа е многу пари. Јас и одговорив дека знам но ја излажав дека ми требаат за да не ја навредам или да ме сфати погрешно. Паметна е, веднаш ме провали и ме праша : само кажи ми зошто ? Јас немав одговор и сеуште се вадев дека ми требаат. Тетката стана и праша дали може да ме гушне, секако се гушнавме и низ насолзени очи ми кажа дека ова никогаш не и се случило и дека не и се верува дека денес ќе си иде порано дома. Ми посака убав ден, господ да ме благословел и рече дека ова и е еден од најубавите денови во последните неколку години……. 800 денари , повторувам ОСУМСТОТИНИ денари, а се радуваше како да и паднало 7мица на лото.
Ееееееех колку е само тажно и жално во какво општество живееме ?Направете некого среќен верувајте ми нема поубаво чуство. Доста со политика, омраза и хејтање. Па нема да живееме 200години, АМАН веќе“ , напиша Панчо на ФБ и објави фотографија од цвеќето.

фото: Фејсбук
To top