Познатата манекенка и топ модел Наоми Кемпбел (49) обожува да патува. Често објавувајќи фотографии и видеа на кои се гледа колку внимава на себе и својата хигиена, а сега покажа дека ги презела сите мерки против вирусот Корона.
Таа минатата година објави видео со кое го дезинфицира своето седиште во авионот и видеото веднаш се рашири низ сите медиуми, а сега откри детално какви се’ методи користи за да се заштити од вирусот Корона.
Убавата британска манекенка објави фотографии на кои е буквално непрепознатлива, зашто е облечена во бел заштитен костим, носи заштитни очила, сина медицинска маска над лицето и розови хируршки ракавици.
На аеродромот таа позираше во овој заштитен скафандер, при тоа за прв пат никој да не ја препознае.