Наоми Кемпбел, црниот пантер, како што ја нарекуваат многумина, и во петтата животна деценија изгледа заносно.
Славната британска маненка на Инстаграм објави гола фотографија на своја 49 годишна возрат и тоа на доста провокативен начин.
За потребите на британското издание на магазинот „Вог“, Наоми позираше како од мајка родена и ги истакна своите атрибути, а пред се нозете и задникот.
Наоми на себе нема ништо, а за неа времето како да застанало.
Инаку, неодамна се пишуваше дека Наоми можеби се реализирала како мајка, но дали преку сурогат или пак посвоила бебенце, остана непознато бидејќи манекенката не се огласи по ваквите пишувања.