Светски познатиот супермодел Наоми Кемпбел и нејзиниот партнер, раперот Скепт го очекуваат своето прво дете.
Наоми е бремена за првпат на 48 години, а според објавата на нејзиниот сакан која се најде на Инстаграм , таа сега е во петтиот месец од бременоста.
Тој постави фотографија од ликот на бебето на ултразвук и се пофали пред своите фанови и следбеници.
Моделот и раперот летово на јахта крстареа по Јадранот, каде неколкупати беа „уловени“ од папараците.
Инаку, Наоми Кемпбел и Скепт ја официјалнизирале врската пред половина година.