Радио Милева

Наоми Кембел уловена на заедничка вечера со 23 години помладото момче

Наоми Кембел уловена на заедничка вечера со 23 години помладото момче

Како што пренесуваат странските медиуми, познатата светска манекенка Наоми Кембел е во две месечна врска со 23 години помладиот Лијам Пејн, пејач на групата „One direction“.

Имено, парот е фотографирана на заедничка вечера во Гана, а нивната заедничка фотографија се појави на социјалните мрежи.

Според пишувањата на „The sun“, пријателите потврдиле дека се во врска и дека тајно се гледаат 2 месеци.

„Одлично се согласуваат и се допаѓаат еден на друг. И не само тоа, Лијам се пофали дека им е одличен сексот“ вели извор близок на парот.

Наводно, Наоми му помага на Лијам да изгради кариера во манекенството.Неодамна, Лијам и коментираше на Наоми на „Инстаграм“.

„Совршенство од жена, не ме гледај со тие очи“  напиша Лијам.

Парот се уште не ја потврди нивната врска.

To top