Светски познатата манекенка и топ модел Наоми Кембел (53) наводно е во љубовна врска со филмскиот продуцент Мохамед Ал Турки (37), пренесуваат британските медиуми.
Парот беше виден заедно во неколку наврати на различни јавни настани, а последниот во низа беа БАФТА наградите претходно овој месец во Лондон.
Славната 53-годишна манекенка и 16 години помладиот мултимилионер од Саудиска Арабија заедно позирале пред фотографите на црвениот тепих, а „The Sun“ пишува дека тие останале заедно цела вечер.
Мохамед и Наоми се пријатели веќе неколку години, а доказ за тоа е фактот што овој богаташ сподели видео со убавицата на својот Инстаграм профил уште во ноември 2021 година. Веќе во декември истата година заедно се појавија на црвениот тепих на фестивалот во Џеда, држејќи се за рака! Оттогаш, тие се редовни на многу настани, вклучувајќи го и Канскиот филмски фестивал минатата година, Париската модна недела во 2022 и 2023 година и низа ексклузивни забави, како што е неодамнешниот роденден на Едвард Енинфул.
На специјалната прослава на роденденот на Наоми минатата година во Франција, овој маркантен Арап седеше веднаш до славеничката.
Но, блиското пријателство изгледа прераснало во љубов, велат добро упатени извори. Имено, парот неодамна се зближил уште повеќе бидејќи манекенката поминувала многу време на Блискиот Исток, а меѓу нив проработиле „искрите на љубовта“.
„Наоми многу внимателно избира со кого го поминува времето, а многу се зближи со Мохамед. Тие ја делат љубовта кон модата и уметноста и имаат многу заеднички пријатели. Наоми беше во Дубаи со него и изгледа дека никогаш не била посреќна. Тие поминуваат многу време заедно и дефинитивно има искра меѓу нив, дури и ако во овој момент сè уште се само пријатели“, вели извор близок до супермоделот.
За потсетување, „Црниот пантер“ со години е сингл, барем за јавноста, па практично од 2022 година нема официјална врска откако беше верена за италијанскиот бизнисмен Флавио Бријаторе. Пред него, во раните 90-ти, таа имаше неуспешна веридба и со басистот на U2, Адам Клејтон.
Кембел последен пат беше поврзана со раперот Скепта во 2018 година, иако парот не беше премногу транспарентен за нивната романса, а имаше шпекулации дека таа имала афера со Лиам Пејн од „One Direction“. Во минатото ја поврзуваа и со голем број познати мажи како Џерард Батлер, Мајк Тајсон, Роберт Де Ниро, Диди, рускиот милијардер Владислав Дороњин…
фото:Instagram printscreen/ naomi