Филмскиот фестивал во Сараево завршува денес, (23. Август), а на црвениот килим за филмските премиери зачекорија голем број актери, режисери, продуценти, сценаристи и секако љубители на филмот.
Кога е во прашање црвениот килим, оние кои чекорат на него или се сами, заедно со партнерот од филмот или пак брачниот партнер, момче, девојка.
Тијана Дапчевиќ присуствуваше на премирата на филмот насловен „And then we dance“, а на црвениот килим се појави рака за рака со својот пријател Јан Амир.
Ако се водиме по онаа дека машко-женско пријателство навистина постои, не би било изненадувачко што Тијана наместо сопругот, одлучи да се појави заедно со пријателот.
Во врска за овој настан таа во описот на фотографиите напиша:
-Знам дека често кога одам некаде велам дека сум „дома“, но тоа е навистина случај.
Бидејќи „дома“ за мене не е само место од мојата лична карта и пасош, ниту пак тие граници некогаш ме интересираа … На музиката не и треба пасош.
„Дома“ е каде и да имам луѓе што ги сакам, кои знаат како дишам, кои веќе долго време се семејство, а не само пријатели. „Дома“ е, меѓу другото, кога гледаме еден куп филмови (и сите знаат колмав сум филмофил) и уживаме скоро во секој момент од нашиот престој.
Сараево е „дома“ . И мојот Јан Амир е секогаш мојот брат, другар, цела куќа, пишува Тијана.
Инаку, таа за овој свечен настан се појави во колоритна женствена креација на тоалета со потписот на „Кафтан студио“.