Радио Милева наместо на суд, на меден месец

Наместо на суд, Дарко Лазиќ ужива во Египет: Се одржа првото рочиште за старателството над синот Алексиј, а пејачот не се појави

Наместо на суд, Дарко Лазиќ ужива во Египет: Се одржа првото рочиште за старателството над синот Алексиј, а пејачот не се појави

Денес (14.10.2021)  е одржано првото рочиште за старателството над синот на Дарко Лазиќ и Марина Гагиќ.

Марина заедно со адвокатот пристигна во Основното јавно обвинителство, додека пак Дарко Лазиќ не се појави.

Марина расположена пристигнала во судот, а од судот излегла исто така расположена.

Иако најавуваше дека проблемите ќе ги решат на суд, пејачот вчера замина во Египет и го пропушти првото рочиште.

Како што откри Дарко за медиумите, тој со својата девојка Барбара Бобак заминал во Египет на „меден месец“.

Со оглед на тоа што вчера му беше роденден на Дарко Лазиќ, многумина помислија дека тоа е роденденски подарок од Барбара.

„Ова е наш меден месец. Барбара ми подари нешто што ми е најважно, љубов“ изјави Лазиќ за република.рс

За потсетување, Марина Гагиќ за телеграф.рс откри дека го тужила Дарко Лазиќ за алиментација на денот, но и за старателството над синот.

фото: Никола Томиќ/Зорана Јевтиќ/Дамир Дервишагиќ/инстаграм

To top