Македонската џетсетерка и модел Александра Накова, откако по разводот му се врати на моминскиот живот, неретко постира фотографии од тоа каде и како си поминува, забавувајќи се.
Речиси сите нејзини селфи фотографии како по непишано правило имаат две заеднички црти: Првата – разголеноста, провокацијата и сексапилот, а втората, необичната локација од каде најчесто ги прави – купатилото и тоалетот!
Така и пред неколку дена гевгелиската убавица на своите профили на социјалните мрежи прикачи ново селфи. Приказната одново иста, ама овој пат, сепак различна! Еве и зошто!?
Имено стандардно, згодната Накова не пропушти својата убавина и својот лик да ги овековечи со нов самослик… Се разбира, селфи од тоалетот. Стегната во црно мини фустанче од тантела и црна маичка по прерамки низ која се прелеваат нејзините бујни облини, очигледно видно возбудена – што се гледа по „наежените“ брадавици кои само што не ја „пробиле“ маичката, таа изгледа навистина божествено и задоволно… Дискретната насмевка со затворена уста и поглед ала „Мона Лиза“ тоа и го потврдуваат.
Арно ама, на фотографијата еден мистериозен детал остава простор за дилема па секој што ќе ја види сликата, наместо на убавицата, погледот на тој детал ќе го „закова“: Кој тоа ѕирка зад разголената и возбудена Накова? Машката нога во фармерки и чевли – патики/еспадрили јасно се гледа, што укажува дека убавата дама во тоалетот не била… баш сама!
А вие самите заклучете: случајно или намерно?